Рамниште
From Underfoot
Рамниште — пештера сместена на 15 км од Прилеп. Пештерата е создадена од карбонатни конгломерати и бречи наталожени од Пелагониското Езеро, најверојатно во четвртиот еволутивен циклус на Пелагонискиот басен. Вкупната должина на пештерските канали изнесува 110 метри, со длабочина која достигнува 22 метри. Составена е од три сали, во кои се застапени пештерски украси со претежно бела и црна боја. Особено се истакнува Невестинската Сала, која е исполнета со бели украси. Карактеристичен знак е сталагмитот „Торта“ кој се наоѓа на крајот од пештерата. Истражувана е од ПСК Златоврв од Прилеп во повеќе наврати во 2005 и 2006 година. Честопати била цел на вандализам.